Четворица загинати во несреќа во полски рудник

од Radmila Tasevska
306 прегледи

Четири лица загинаа во рудникот Собиески во Јаворжно во јужна Полска, соопшти вечерва портпаролката на државната агенција за рударство (WUG).

Несреќата во рудникот за јаглен се случила во 15:30 часот по локално време кога пукнала цевка, јавуваат полските медиуми.

Повредени се уште две лица.

Рудникот Собиески е во сопственост на полската државна енергетска компанија Таурон.

Слични содржини