Четворица Албанци и Пакистанец избегале од полициска станица се провлекле низ решетки

од Milan1
297 прегледи

Грчката полиција започна сеопфатна потрага по бегството на четворица Албанци и еден Пакистанец од полициска станица на Крит. Бегалците „исчезнале“ од полициската станица откако се провлекле низ решетките на прозорците на тоалетот, јавуваат грчките медиуми.

Тие беа осудени за низа тешки дела, меѓу кои убиства, грабежи и трговија со дрога и чекаа да бидат пренесени во затвор од полициската станица.

Речиси во исто време недалеку од полициската станица е украден автомобил, па полицијата се обидува да утврди дали оваа кражба има врска со исчезнувањето на осудениот.

Грчките медиуми јавуваат дека полицијата го блокирала аеродромот и пристаништата од кои бегалците би можеле да го напуштат островот.

Слични содржини