Четврта „ненадејна смрт“ во врвот на „Лукоил“: Почина потпретседателот Виталиј Робертус

Според „Украинска правда“,  Робертус е четвртиот топ-менаџер на „Лукоил“ кој почина во бизарни околнпсти во последните две години.

од Бети Божиноска
304 прегледи

Рускиот нафтен гигант „Лукоил“ изгуби уште еден висок претставник под мистериозни околности: неговиот потпретседател Виталиј Робертус ненадејно почина вчера на 54-годишна возраст, пренесува „Дејли бист“.

Компанијата информираше за смртта на Робертус, кој работеше во „Лукоил“ повеќе од 30 години, во кусо соопштение во средата, изразувајќи длабоко жалење поради неговата смрт, без да објави некакви детали околу причините за смртта.

„Со длабока тага мора да соопштиме дека нашиот потпретседател Виталиј Владимирович Робертус почина ненадејно на 54 години“, објави компанијата.

Според „Украинска правда“,  Робертус е четвртиот топ-менаџер на „Лукоил“ кој почина во бизарни околнпсти во последните две години.

Претседателот на Одборот на директори на „Лукоил“, Владимир Некрасов, почина ненадејно во октомври 2023 година од, како што информираа од компанијата, срцева слабост.

Некрасов имаше 66 години и на позицијата дојде откако претходниот претседател, Равил Маганов, загина по пад од прозорецот на шестиот кат на Централната клиничка болница во Москва болницата во која бил хоспитализиран во септември 2022 година.

Неколку месеци претходно, во мај 2022 година, уште еден топ-менаџер на компанијата почина во чудни околности. Александар Суботин, поранешен генерален директор на „Лукоил“, наовдно почина од срцев удар предизвикан од опјни средства.

Суботин беше пронајден мртов во подрумот на куќата на двајцата шамани во Митишчи, североисточно од Москва, во која отишол во состојба на тешка интоксикација откако еден ден претходно се опил и консумирал дрога. Подрумската просторија наводно се користела за „јамајкански вуду ритуали“, шпекулираа руските медиуми.

Интересно е да се спомене дека „Лукоил“ јавно зазеде став против војната во Украина. Во соопштени во март 2022 година на официјалната веб-страница, компанијата изрази загриженост за трагичните настани во Украина и изрази поддршка за преговорите за прекин на конфликтот.

Слични содржини