Четврта жена го обвини Нот за сексуална злоупотреба

од Vladimir Zorba
296 прегледи

Актерот Крис Нот денеска беше обвинет за сексуална злоупотреба од четврта жена.

Пејачката и текстописец Лиза Џентиле рече дека актерот насилно ја бакнал и допирал во нејзиниот стан во Њујорк. Џентиле тврди дека инцидентот се случил откако го запознала актерот во ресторанот „Да Марино“ во центарот на Менхетен, каде друга жена тврди дека Нот ја нападнал.

Џентиле рече дека се познава со актерот од 1998 година, а инцидентот се случил во 2002 година кога Нот ја возел дома и побарал да го види нејзиниот стан. Таа тврди дека потоа ја турнал, ја бакнал против нејзина волја и ја грабнал за гради.

„Ме плукна и брзо стана непријатно. Стана поагресивен, ми ги стави двете раце на градите и почна силно да ми ги стиска преку кошулат“, изјави кантавторката.

Таа вели дека Нот ги ставил рацете под нејзината кошула и таа се обидела да го оттурне.

„Постојано ги туркав неговите раце од себе, надолу додека тој постојано ги туркаше на моите гради. Се обидов да го натерам да застане. Потоа ми ги турна рацете кон неговиот пенис. Откако успеав да го оттурнам, тој многу се налути и почна да вреска и ме нарекуваше заводничка и кучка, а потоа истрча од мојот стан“, рекла Џентиле, пренесе The Guardian.

Таа додала дека Нот и се јавил наутро и и се заканил дека ако некогаш некому каже што се случило претходната вечер, ќе и ја уништи кариерата и ќе ја стави на црна листа за никогаш да не добие работа.

„Се плашев да кажам за ова поради моќта на Нот и неговите закани дека ќе ми ја уништи кариерата“, рече Џентиле, а сега била охрабрена да излезе во јавноста со нејзината приказна за да ги поддржи жените кои зборувале анонимно пред неа.