Турското Министерство за здравство соопшти дека Турција има околу 43.000 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, што е четврти ден по ред бројот на новоинфицирани да е над 40.000 во таа земја.
Покрај тоа, регистрирани се 193 смртни случаи од коронавирус во изминатово деноноќие, соопшти Министерството.
Во Истанбул, седумдневната стапка на инциденца е многу висока; неодамна имаше 590 заразени на 100.000 жители.
Турција, која има 84 милиони жители, делумно ги укина ограничувачките мерки на почетокот на март.
Оттогаш, бројот на нови случаи рапидно расте. Во некои региони се воведени построги мерки, како што е полициски час за време на викендите.