Chevron доби дозвола од Вашингтон да извезува нафта од Венецуела

од Vladimir Zorba
175 прегледи

Американската нафтена компанија Chevron се подготвува да го испорача првиот товар нафта од Венецуела во САД до крајот на декември, откако американската администрација и даде шестмесечна дозвола за експлоатација и извоз на нафта од јужноамериканската земја, пренесува Блумберг.

Пред санкциите, четирите заеднички вложувања на Chevron со PDVSA произведуваа околу 200.000 барели нафта дневно и ја извезуваа таа нафта низ целиот свет.

Условите не дозволуваат Chevron да и помага на Венецуела да развие нови нафтени полиња, но обезбедуваат начин компанијата да продава нафта за да ја надомести дел од милијардите долари што и ги должи на PDVSA.

Слични содржини