Чибишев: Комисијата за заразни болести да побара одложување на пописот (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
247 прегледи

„Добиваме ветување дека ќе имаме вакцини до крајот на 2020 година, но не добивме, па јануари, па февруари, помина февруари, а сега добиваме ветување дека на крајот од март или почетокот на април ќе имало вакцини, ама и тоа се земало со доза на резерва, значи нема да имаме ни во април туку ќе останеме да се снаоѓа кој како може“, изјави денеска Андон Чибишев од ВМРО-ДПМНЕ.

„Пандемијата премногу трае и имаме преморен исцрпен медицински персонал и за сите здравствени работници им изразувам почит за нивната посветеност, одговорност, храброст да го издржат овој период со условите кои им се понудени. За жал многу од нив го поминаа хоророт со инфекцијата со Ковид-19 некои од нив за жал и ги загубивме, а состојбата од ден на ден се повеќе се влошува.

Би сакал да ги повикам колегите од Комисијата за заразни болести, да се одважат и да се надминат себе си, и да донесат одлука и да и предложат на владата да го одложи пописот кој е планиран за месец април, инаку вие знаете дека последиците од пописот ќе бидат катастрофални по здравјето и животите на граѓаните“, повика Чибишев.

Слични содржини