Чичко си го снимал малолетниот внук како вози товарно возило на автопат, од клучка Кадино до клучка Арачиново

од Milan1
62 прегледи

Во Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата, во присуство на неговиот татко Ќ.М.(45), бил извршен службен разговор со малолетник од с.Сарај, скопско и со неговиот чичко Б.М.(40) од Сарај.

– Имено, на 10.08.2024 околу 14:00 часот, Б.М. го снимал својот малолетен внук додека на автопатот Велес – Скопје, од клучка Кадино до клучка Арачиново, без возачка дозвола управува товарно возило „мерцедес“ со полуприколка со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Сарај, по што снимките ги споделил на социјални мрежи.

Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата во координација со Секторот за компјутерски криминал, инспектор по малолетници од ЕВР Гази Баба, а по претходна консултација со јавен обвинител за малолетници, ќе преземе мерки според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и тоа: против Б.М. по член 317 став 14, против правното лице по член 317 став 12 и став 13 и против малолетникот по член 225 став 9, информираат од МВР.

За настанот е известен и Центарот за социјални работи.

Слични содржини