488
Кинеската вакцина против Ковид19 покажа ефективност од 67 проценти во спречување на симптомите на вирусот и 80 проценти во спречување смртни случаи, според првото истражување објавено од чилеанската влада по неколкумесечна имплементација на програмата за вакцинација.
„Овие податоци треба да ја смират земјата“, рече министерот за здравство Енрике Париз за време на презентацијата на резултатите од студијата.
Студијата вклучува 10,5 милиони вакцинирани и невакцинирани лица помеѓу 2 февруари и 1 април.
Чиле има најголем напредок меѓу земјите од Латинска Америка во однос на вакцинацијата, за што најмногу користи вакцина на кинеската лабораторија Синовак.