Чиле започна изградбата на најголемиот оптички телескоп во светот, соопштија од прес-центарот на чилеанскиот претседател Мишел Бачелет.
Апаратот за истражување на екстрасоларните планети кои се наоѓаат во Сончевиот систем, дури го доби називот EELT – “Европски екстремно голем телескоп”.
Проектот вреден 1 милијарда евра ќе биде опремен со пет сегментирани огледала. Најголемата од нив ќе биде со дијаметар на решетката 39, 5 метри и ќе се состои од околу 800 хексагонални “огледалца” со 1,4 метри дијаметар на секое.
Од Европската јужна опсерваторија, која ја финансира изградбата на конструкцијата стана јасно и дека целиот телескоп ќе тежи цели 5 000 тони, од кои три илјади ќе бидат подвижни делови. Се смета дека конструкцијата ќе биде готова до 2024 година и ќе биде распоредена во пустината Атакама, каде во моментов се наоѓа и Атакамскиот голем радиотелескоп (ALMA).
Интересен факт е дека НАСА го користи теренот за примерок на техника за идните мисии на Марс, бидејќи Атакама е на 15 милиони години и поседува терен, сличен на Марс.