Чилеанскиот претседател казнет со 3.500 долари поради неносење маска

од Vladimir Zorba

Чилеанскиот претседател Себастијан Пињера е казнет со 3.500 долари, откако позираше за селфи без маска покрај случајна минувачка на плажа, објави Ројтерс.

Пињера се извини, а потоа се пријави кај надлежните органи откако фотографијата се појави на социјалните мрежи на почетокот на декември.

Претседателот на Чиле објасни дека шетал сам на плажа во близина на неговиот дом во Какагуа, кога една жена го препознала и побарала заедничка фотографија.

Фотографијата покажува дека и претседателот и случајната минувачка стојат многу блиску еден до друг, и двајцата без заштитни маски.

Во Чиле носењето маски е задолжително на сите јавни места, а за кршење на оваа мерка се предвидени парични казни, па дури и затвор.

Слични содржини