Чистат тоалети и го чекаат судењето: Први фотографии од заробените Азовци во руски затвор

од Nikola Popovski
236 прегледи

На социјалните мрежи кружи фотографија од припадници на украинскиот баталјон Азов во руски затвор. Азовските борци кои пред неколку недели им се предадоа на руските војници во Мариупол, а сега, судејќи по споменатите фотографии, времето го поминуваат чекајќи го судењето.

На споменатата фотографија, која привлече големо внимание, наводно се гледа командантот на 36-та поморска бригада на вооружените сили на Украина, Сергеј Волински, познат како Волин. Се наведува дека почнал да работи како чистач во руски затвор.

Како што се посочува, чуварите во затворот ги тераат борците од Азов да ги чистат заедничките тоалети. На фотографија која кружи на Твитер, Волин држи метла и лопатка. До него е фотографиран уште еден неименуван затвореник.

Не можело да се провери дали фотографијата е автентична или фотомонтажа. Корисниците на Твитер имаат поделени мислења и тоа го изразиле во коментари.

Многумина ја споделија фотографијата изразувајќи сочувство со борците од Азов кои се во затвор, нагласувајќи дека ги чекаат како херои да се вратат во Украина. Тие исто така изразија загриженост, бидејќи според сликите изгледаат лошо и гладни. Тие рекоа дека изгледале подобро додека го бранеле Мариупол отколку сега во руски затвор.

Од друга страна, има и такви кои велат дека не се убедени дека на фотографијата е командантот на Азов. Еден корисник на Твитер коментирал дека „не е истиот маж од првата слика, бидејќи неговата коса е различна“.

Според официјални лица на самопрогласената Доњецка Народна Република, на борците од Азов ќе им се суди во Доњецк. Лидерот на ДНР, Денис Пушилин, истакна дека треба да се формира меѓународен трибунал за да им се суди на украинските борци.

Според руските медиуми, повеќе од 1.000 борци од Азовстал биле префрлени во Русија на непознати локации.

Потсетуваме, украинските борци од челичарницата Азовстал од почетокот на инвазијата речиси три месеци се спротивставуваа на руските сили. Кога Мариупол паднал во руски раце, војниците набрзо се предале.

Слични содржини