Чизкејк со кокос и бело чоколадо

од Stefanija Kuzmanovska
449 прегледи

Совршена комбинација на состојки.

Состојки:

– 200 гр бисквити по избор

– 90 гр путер

– 250 мл слатка павлака

– 1 кесичка желатин

– 300 гр крем сир

– 200 гр бело чоколадо

– 50 гр шеќер во прав

– 1 ванилин шеќер

– кокос за посипување

Подготовка:

Сомелете го бисквитот. Растопете го путерот и измешајте го во мелениот бисквит, па сè добро соединете.

Добро истиснете ја смесата во калап и ставете ја во фрижидер.

Измешајте го крем сирот со желатинот подготвен според упатството на кесичката, додадете шеќер и ванилин шеќер. Мешајте додека не добиете мазна смеса.

Потоа изматете ја слатката павлака во шлаг.

Чоколадото растопете го на пареа, па внимателно измешајте го во смесата. Добиениот крем ставете го врз бисквитите, убаво измазнете го и вратете го во замрзнувач да се стегне.

Откако ќе се излади, посипете со кокос.

Слични содржини