Чизкејк од само три состојки

408 прегледи

Потребно:
– 3 јајца
– 120 гр бело чоколадо
– 120 гр сирење Филаделфија или друг кремсир

Подготовка:

Ставете ги јајцата во фрижидер добро да се изладат. Одвојте ги жолчките од белката.
Загрејте ја рерната на 180 степени. На пареа истопете го белото чоколадо. Добро измешајте да добиете хомогена смеса. Во стопеното чоколадо додајте го кремсирот. Потоа додајте ги жолчките. Белките изматете ги додека не се стврднат и додајте ги во предходната смеса.

Тестото истурете го во предходно намачкан со путер округол калап. Калап ставете го во тепсија.

Чизкејкот ќе биде воздушест доколку во тепсијата ставите шолја врела вода – за време на печењето таа ќе испарува и ќе ја одржува влажноста.

Печете околу 30 минути. Не брзајте да го извадите од рерна, оставете го да отстои околу 15 минути во исклучена рерна.

Готовиот колач украсете го по желба и ставете го во фрижидер да се излади.

Слични содржини