Член на групата на Беливук склучил договор со српското Обвинителство

од Nikola Popovski
284 прегледи

Срѓан Лалиќ, еден од обвинетите за криминални акти како дел од кланот на Вељко Беливук и Марко Миљковиќ, склучил спогодба за признавање вина со српското Обвинителство, информираа српските медиуми.

Лалиќ склучил спогодба за признавање вина со Обвинителството за организиран криминал и со тој договор добива статус на обвинет која што се јавува и како сведок.

Доколку судот го прифати, ќе биде осуден на 18 години затвор.

Да потсетиме, пред Лалиќ, статус на обвинет-сведок добија и Бојан Хрватин и Никола Спасојевиќ.

Лалиќ дипломирал на Факултетот за информатика, а на претходен распит во Обвинителството за организиран криминал, како и во МВР на Србија изјавил дека е невработен, но дека тргува со биткоини на берза и заработува околу 1.300 евра месечно. Досега не бил осуден.

Тој бил уапсен на 4 февруари минатата година и до јуни кога одлучил да ја признае вината, се бранел молчејќи, пишуваат српските медиуми.

Лалиќ ја признал вината на 6 јуни, за време на прелиминарното рочиште, кое беше прекинато поради расправија меѓу адвокатите на Вељко Беливук и Марко Миљковиќ за тоа кој прв да сведочи.

Тој е на петтото место на обвинението, во кое има триесетина имиња.

Лалиќ е обвинет за криминално здружување, пет тешки убиства, киднапирање и недозволено поседување оружје.

По објавувањето на фотографиите од злосторствата на кланот на Беливук, јавноста беше шокирана од сликата на насмеаните Лалиќ и Беливук, кои позираат над телото на една од жртвите на оваа брутална група.

Слични содржини