344
Полусестрата на војвотката од Сасекс Меган Маркл, Саманта Маркл, тврди дека принцот Хари и нејзината полусестра се пред развод и дека е само прашање на време кога ќе заврши нивниот брак. Таа јавно ги советуваше Меган и Хари да посетат брачен советник.
„Гледам дека ова ќе заврши со развод ако тие не се договорат за советување и ако не работат на тоа да бидат искрени и да испратат искрено извинување до секој што е оштетен во текот на овие две години од нивните игри“, рече Саманта.
Саманта не е во добри односи со Меган и принцот Хари, тие не комуницираат, но таа зборува јавно за нив иако никогаш не сретнала никого од кралското семејство.