Членките на ИЕА испраќаат 120 милиони барели нафта од резервите на пазарот

од Vladimir Zorba
223 прегледи

Членовите на Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) одлучија да продадат 120 милиони барели нафта од резервите со цел да ги ограничат цените кои нагло пораснаа по руската инвазија на Украина, изјави директорот Фатих Бирол.

„ИЕА колективно ќе стави на располагање вкупно 120 милиони барели нафта од резервите (вклучувајќи 60 милиони барели што ќе ги додадат САД како дел од поширокиот план за продажба од Стратешките нафтени резерви)“, објави Бирол на Твитер во средата.

САД во март објавија дека во следните шест месеци ќе пласираат вкупно 180 милиони барели нафта од резервите, што е најмногу од нивното формирање. Другите членки на ИЕА, исто така, објавија заедно најмногу барели откако агенцијата почна да ја координира продажбата. Досега тоа го направиле во четири наврати.

ИЕА е меѓувладина организација во рамките на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) и има 31 членка.

Вашингтон најави кога ќе пласира резерви, но се уште не е познато кога другите земји ќе го сторат тоа. Бирол рече дека деталите ќе бидат познати наскоро.

„Тоа ќе ги надополни нашите милион барели дневно во период од шест месеци и, се разбира, ќе го премости периодот до крајот на годината кога домашното (американското) производство ќе се зголеми“, рече американскиот функционер кој сакаше да остане анонимен.

Слични содржини