Членките на Онлајнмедиа одлучија нивните редакции да не ги снимаат и фотографираат погребите в четврток

од Milan1
44 прегледи

„Членките на здружението Онлајнмедиа одлучија нивните редакции да не ги снимаат и фотографираат погребите в четврток, на загинатите во пожарот во Кочани.

Во овој период на жалост, кога болката од згаснувањето на 59 животи е неизмерна, треба да се почитува приватноста на семејствата, а медиумите да известуваат одговорно и професионално. Бидејќи, загубата на овие млади животи е толку трагична и трогателна и воопшто не се потребни светлата на камери да сведочат за лелекот на скршените души кои ќе се збогуваат со своите чеда за последен пат.

Редакциите на членките на Онлајнмедиа одлучија да не се снимаат погребите на
загинатите не само во Кочани, туку и во сите други градови во земјава. Исто така, членките на Онлајнмедиа нема да објавуваат видео записи и фотографии од погребите ниту од други медумски куќи.

И жителите на Кочани до медиумите упатија апел да не се злоупотребува трагедијата и тагата на луѓето за сензационализам и да се обезбедат достоинствени услови за погребите“, се вели во соопштението на Здружението.

Слични содржини