Членови на Управниот одбор на Алкалоид купија акции во компанијата

од Vladimir Zorba
79 прегледи

Македонскиот фармацевтски гигант АЛКАЛОИД АД Скопје извести дека членовите на Управниот одбор на компанијата се стекнале на одреден број на акции. За инвеститорската јавност и акционерите ова е одлична порака бидејќи претставува доверба во бизнисот на компанијата и вредноста на акциите.

одлична порака за вработените, акционерите и за целата инвеститорска јавност, бидејќи претставува доверба и во вредноста на акцијата, а и во бизнисот на компанијата.

АЛКАЛОИД АД Скопје преку Македонска берза ја известува јавноста дека Живко Мукаетов, Претседател на Управниот одбор и Генерален директор на АЛКАЛОИД АД Скопје, се стекна со 331 обична акција издадена од АЛКАЛОИД АД Скопје.

Според известувањето до Берзата членот на Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје, Ќире Ицев, се стекна со 150 обични акции издадени од АЛКАЛОИД АД Скопје. Членот на Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје, Виктор Стојчевски, се стекна со 200 обични акции издадени од АЛКАЛОИД АД Скопје. Со исто толку акции се стекнал Ѓорѓи Јованов, додека Оливера Панева член на Управниот одбор се стекна со 50 обични акции издадени од АЛКАЛОИД АД Скопје.

Акциите на АЛКАЛОИД АД Скопје котираат на официјалниот пазар на Македонската берза за хартии од вредност од 2002 година и важат за едни од најтргуваните и најликвидните акции на Берзата.

Инаку, вчера акцијата на Алкалоид се тргуваше по просечна цена 22.997 денари по акција.

Цената на акцијата во периодот јануари – септември 2024 година се движеше од 18.151,00 до 22.700,00 денари или просечно 20.751,37 денари за една акција. Движењето на цената на акцијата е во рамките на трендот на просечниот годишен раст и се должи на редовното и транспарентно објавување позитивни резултати од работењето на компанијата, позитивното јавно мислење, на довербата во нашите производи, управувањето со друштвото и на генералниот тренд на раст на глобалните и на регионалните берзи.

На 30.9.2024 година акциите на АЛКАЛОИД АД Скопје беа во сопственост на 5.766 акционери, физички и правни лица, a пазарната капитализација на компанијата изнесуваше 31,9 милијарди денари.

На 1 април 2024 година, на Годишното собрание на акционерите, е одобрена пресметка и исплата на бруто-дивиденда за 2023 година во износ од 772.931 илјади денари. Во согласност со дивидендниот календар, во мај 2024 година започна исплатата на дивидендата во износ од 540 денари бруто, односно 486 денари нето за една акција.

Дивидендата од акција за 2023 година е поголема за 10,2 % во однос на исплатената дивиденда од акција за 2022 година.

Слични содржини