Членови на ВМРО ДПМНЕ поттикнуваат насилство и жесток говор на омраза (ФОТО)

од Vladimir Zorba

Симпатизерите и членови на ВМРО ДПМНЕ продолжуваат со поттикнување насилство и говор на омраза, со повиците за убивања и бесења луѓе. Последен таков случај е објавата на социјалната мрежа Фејсбук од страна на истакнат член на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Атанасов. Во пресрет на празникот Прочка, Атанасов на својот Фејсбук профил објави монитрана фотографија на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, со ортома за бесење околу вратот.

Истиот тој Атанасов може да се види на повеќе фотографии од партиски активности и средби на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и заедно со потпретседателот на оваа партија, Александар Николоски.

Дали за ова е запознаен техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев и дали МВР ќе преземе мерки кон овие лица по службена должност, бидејќи говорот на омраза преку компјутерски систем, повиците на насилство и убиства се сериозни кривични дела?

Истото прашање треба да се упати кон другата институција која е задолжена да гони ваков криминал по службена должност, Јавното обвинителство. Дали обвинителството ќе покрене кривична пријава по службена должност кон овие лица, или ќе продолжи со игнорирање на ваквите кривични дела?

Од ВМРО-ДПМНЕ се уште нема осуда за ваквото однесување па оттука се поставува прашањето дали Христијан Мицкоски, Александар Николоски кој е сликан со насилникот, и нивната партија ќе се оградат од овие објави и повици за убиство?

Секојдневно, стотици страници и профили на социјалните мрежи на луѓе кои се дел од оваа партија, споделуваат содржини со кои се вршат сериозни кривични цела и се сее страв меѓу граѓаните. А од ВМРО-ДПМНЕ, освен ретките и технички оградувања, има само молк, што всушност може да се протолкува како охрабрување на насилниците.

ВМРО-ДПМНЕ треба итно да се огради од ваквите чинови кои се целосно антидемократски и во спротивност со европските вредности, и да ги поттикне своите симпатизери и членови да престанат да шират говор на омраза и страв меѓу граѓаните.

Слични содржини