Членовите на бендот Продиџи, вчера, му оддадоа почит на главниот пејач Кит Флинт, обележувајќи една година од неговата смрт. Кит, кој беше основач и фронтмен на легендарниот бенд, си го одзеде животот на 4 март минатата година на 49 години.
Неговите колеги од групата Продиџи, Лиам Ховлет и Макисм, на социјалните мрежи објавија фотографија од прерано починатиот музичар.
„Помина една година откако не напушти. Ни недостигаш секој ден, твоеро светло трепери силно. Секогаш ќе бидеш со нас, бидејќи како што знаеш, ние живееме засекогаш“, напишале под објавата на официјалната страница на бендот.
Максим подоцна оддаде почит и преку својот Инстаграм профил, објавувајќи фотографии од Кит каков што го паметат фановите ширум светот.
„Не можам да поверувам дека помина една година. Го обожував Кит уште кога имав долга коса во раните деведесети. Не можам да престанам да плачам. Почивај во мир“
Објавените резултати од обдукцијата и токсиколишкиот тест покажаа дека Кит пред смртта консумирал кокаин, алкохол и кодеин.