Немаме притисок од членството на ВМРО-ДПМНЕ за вработувања по општините, тврди Мицкоски

од Nikola Popovski
299 прегледи

Немаме притисок од членството на ВМРО-ДПМНЕ за вработувања по општините, вели лидерот на најголемата опозициска партија, Христијан Мицкоски во гостувањето на емисијата „Само интервју“.

Според него, притисокот е од граѓаните за подобро општество и повисоки плати.

-Мала е атрактивноста за работа во општините поради ниските примања. Сакаат надвор од општините да ја градат иднината. Таква е состојбата. Таков притисок имаме, одговори Мицкоски на прашањето.