Чогоровска: Анкетите ќе ни покажат колкав дел од населението сакаат да се вакцинираат

Во своето гостување во „Топ тема“, Жаклина Чогоровска од „Мој термин“, посочи дека по спроведена анкета се пристигнати податоците за 4.000 здравствени работници кои сакаат да се вакцинираат во првата група.

„Се уште не е познат датумот на пристигнување на вакцините. Националната техничка работна група, пред крајот на одлуката дека е потребно да се направи анкета кај здравствените работници. Оттаму, по таа анкета ги добивме бројките, односно 4000 здравствени работници заинтересирани за вакцинацијата. Па така, ова е првата група која ќе се вакцинира. Најголемиот дел од нив се од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Дел од евиденцијата, односно електронското пријавување, ќе ни ги даде резултатите, колкав дел од населението би сакало да се вакцинира. Во нашите претпоставки, земавме околу 50% и така ги формиравме групите“, истакна Чогоровска.

Слични содржини