208
Малку поинаков, но подеднакво вкусен сутлијаш.
Состојки:
– 1 литар млеко
– 150 гр ориз
– 6 лажици шеќер
– 1 ванилин шеќер
– 120 гр чоколадо
– 50 гр путер
– декорација: чоколадо, шлаг, цимет
Подготовка:
Сварете го млекото со шеќер и ванилин шеќер.
Додадете го путерот, потоа оризот и варете покриено со капак на умерена температура околу 25 минути.
Потоа додадете го чоколадото и варете уште 20 минути со повремено мешање.
Готовиот сутлијаш истурете го во чинии, оставете да се излади, па украсете со чоколадо или шлаг, па посипете со цимет.