Чоколаден чизкејк

од Stefanija Kuzmanovska
392 прегледи

Десерт со темно чоколадо.

Состојки:

– 150 гр бисквити по избор

– 100 гр путер

Крем:

– 300 гр темно чоколадо

– 500 гр крем сирење

– 100 гр шеќер во прав

– 250 мл слатка павлака

Подготовка:

Скршете ги бисквитите и измешајте ги со стопениот путер.

Во кружен калап измешајте ги бисквитите и путерот и добро притиснете ги на дното на калапот и потоа ставете го во фрижидер додека не го подготвите кремот.

Растопете го чоколадото, па оставете го малку да се излади.

Слатката павлака се мати во сад со миксер.

Во друг сад измешајте го крем сирењето со шеќер и додадете млако растопено чоколадо. Додадете шлаг во смесата и полека мешајте додека сè не се соедини.

Извадете го калапот од замрзнувач, прелијте го кремот врз основата од бисквитите и путерот и ставете го во фрижидер неколку часа да се стегне.

Декорирајте по желба.

Слични содржини