268
Состојки:
– 200 гр путер
– 200 гр чоколадо
– 3 јајца
– 200 гр шеќер
– 140 гр брашно
– 40 гр какао
– 200 гр малини/боровинки
– малку сечкано чоколадо
Подготовка:
Растопете ги путерот и чоколадото, оставете ги да отстојат неколку минути. Подгответе кружен калап (24 см) обложен со хартија за печење.
Во чоколадото со путер додајте ги сите останати состојки освен овошјето и со рака измешајте убаво да се соедини.
Истурете ја смесата во калап, распределете го овошјето, парчињата чоколада и печете го колачот во загреана рерна на 180 степени околу 30 минути.