Чоколаден колач со прелив од портокали

од Elena Daskalova
624 прегледи

Чоколадото и портокалот се комбинација на вкусови која многумина ја обожаваат. Ова е рецепт за вкусен колач на кој нема да можете да одолеете.

Потребни состојки:

4 јајца
80 гр кафеав шеќер
3 лажички какао
2 лажички оризово брашно
100 гр мелени ореви
Изрендана кора од еден портокал
120 гр темно чоколадо
50 гр путер

За прелив:

Еден поrtокал
50 гр шеќер
100 мл вода

Подготовка:

Путерот и чоколадото растопете ги на пареа. Жолчките изматете ги со кафеавиот шеќер, па додадете го какаото, оризовото брашно, оревите и кората од портокал. Од белките изматете цврст снег. Во смесата од јајца додадете ги чоколадото и путерот, а на крај измешајте го снегот од белки.

Излејте ја смесата во калап за печење обложен со хартија за печење. Печете 30 минути на 180 степени.

Додека колачот се пече, направете го преливот. Портокалот исечете го на парчиња. Прво сварете ги водата и шеќерот, додека тој да се стопи, а кога ќе почне да врие ставете ги парчињата портокал. Внимавајте да не се распаднат. Процедете го шербетот и прелијте врз топлиот колач. Можете да декорирате со кандирани парчиња кора од портокал, шеќер во прав или со чоколаден прелив.

Слични содржини