Чоколаден колач со смокви

од Stefanija Kuzmanovska
407 прегледи

Фантастичен десерт со смокви.

Состојки:

Бисквит:

– 3 јајца

– 10 лажици шеќер

– 13 лажици масло

– 16 лажици брашно

– 1 прашок за пециво

– 100 мл млеко

– 2 лажици рогач

Фил од смокви:

– 750 гр излупени смокви

– 300 гр кафеав шеќер

– 1/2 лажичка цимет

– 1 лажичка екстракт од ванила

– морско оревче, по желба

Прелив од чоколадо

– 100 гр чоколадо

– 40 гр путер

Подготовка:

Бисквит:

Прво, одвојте ги жолчките од белките. Потоа направете смеса од белки и шеќер.

Додадете масло, прашок за пециво и шест лажици брашно.

Кога сето тоа ќе се соедини, полека додавајте по една жолчка, па млекото, остатокот од брашното и рогачот.

Истурете ја смесата во подмачкана тава, обликувана по желба.

Се пече на 180 степени околу 20 минути. Печениот бисквит оставете го да се излади.

Исечете го така што ќе добиете две кори со еднаква дебелина.

Фил од смокви:

Ставете се во тенџере и кога ќе зоврие варете со постојано мешање додека не ја добиете саканата густина.

Добиената смеса распоредете ја на едната страна од бисквитот и преклопете. Оставете да се излади.

Прелив од чоколадо:

Растопете ги путерот и чоколадото. Тргнете го од шпорет и со постојано мешање оставете малку да се излади и прелијте го врз колачот.

Слични содржини