Чоколаден кремаст десерт со бадеми.
Состојки:
– 200 гр темно чоколадо
– 20 гр шеќер
– 2 јајца
– 1 лажица какао
– 120 гр шлаг крема со вкус на чоколадо
– печени бадеми
Подготовка:
Чоколадото растопете го на пареа на умерена температура.
Кога целосно ќе се растопи, тргнете го од шпорет, а во друг сад измешајте ги јајцата и шеќерот на пареа, па додадете ги во растопеното чоколадо.
Во таа смеса додајте какао, а потоа изматете се заедно со миксер додека не добиете кремаста маса.
Изматете го шлагот според упатството на кесичката, па постепено со лажица додавајте го во смесата со чоколадото и јајцата.
Мешајте рачно со лесни движења додека убаво не се соедини.
Добиениот мус истурете го во чаши и ставете го во фрижидер еден час.
Извадете го од фрижидер околу 15 минути пред сервирање.
Украсете со печени бадеми и сечкано темно чоколадо.