Чоколаден пијалок со ѓумбир

од Stefanija Kuzmanovska
222 прегледи

Топол пијалок од чоколадо и ѓумбир.

Состојки:

(за 2 лица)

– 100 мл вода

– 5 гр ѓумбир во прав

– 100 гр темно чоколадо (70% какао)

– 200 мл слатка павлака

Подготовка:

Ставете го ѓумбирот во врела вода и варете на тивок оган 10 минути, покриен.

Додека е уште жешко, измешајте го чоколадото искршено на коцки и слатката павлака.

Загрејте додека мешате додека не зоврие.

Истурете во чаши и послужете.

Слични содржини