Десерт со кафе и два вида чоколада.
Состојки:
Кора:
– 6 јајца
– 6 лажици шеќер
– 6 лажици брашно
Фил:
– 200 мл течна слатка павлака
– 200 гр бело чоколадо
– 1 лажичка нес кафе
– 100 гр путер
– 50 гр шеќер во прав
Чоколадна глазура:
– 150 гр црно чоколадо
– 4 лажици масло
Подготовка:
Изматете цврст снег од белките. Посебно изматете ги жолчките со шеќерот.
Полека додајте го брашното, а потоа внимателно измешајте ги изматените белки, полека со рака.
Покријте го плехот со хартија за печење. Истурете ја смесата во тавче и печете ја кората на умерена температура. Се уште топлата кора ставете ја на влажна крпа и свиткајте во ролат.
Истурете ја слатката павлака во тенџере, ставете ја на шпорет и пред да зоврие тргнете ја од шпоретот.
Веднаш додадете една кафена лажичка нес кафе и белото чоколадо, мешајте додека да се растопи чоколадото. Оставете да се излади.
Посебно се матат путерот и шеќерот во прав, па се соединуваат со филот од слатката павлака. Матете неколку минути додека не се стврдне филот.
Одвијте ја кората, премачкајте ја со изматениот фил и замотајте.
Ролатот премачкајте го со чоколадна глазура која ќе ја подготвите со топење на чоколадото со масло на пареа, кога ќе се олади премачкајте го ролатот.