ЧОКОЛАДЕН РОЛАТ! Вкусно викенд уживање

од Берта Китинска
298 прегледи

СОСТОЈКИ:

пет јајца
100 гр шеќер
80 гр рендано чоколадо
100 гр брашно
кесичка ванилин-шеќер

ЗА ФИЛ:

200 гр шеќер
три јајца
200 гр чоколадо
100 гр путер
кесичка ванилин-шеќер
лажичка масло
овошје по ваш избор

Одделете ги белките од жолчките. Белките со шеќер се матат убаво и во смесата се додаваат жолчките, ренданото чоколадо, ванилиниот шеќер и брашното.Изматената смеса истурете ја во намрсена квадратна тава и печете на умерена температура. Испечениот пандишпан ставете го на влажна крпа и веднаш завиткајте го.

Шеќерот и јајцата изматете ги на пареа со постојано мешање, а во филот додадете путер, 100 грама чоколадо и ванилин шеќер. Расукајте ја кората, филувајте и повторно виткајте. Изладениот ролат прелијте го со растопена чоколадна глазура и малку масло, декорирајте со овошје по избор и послужете.

Слични содржини