Чоколадна овесна каша со путер од кикирики

од Stefanija Kuzmanovska
250 прегледи

Едноставна калориска бомба за добар почеток на денот.

Состојки:

– 1/2 шолја (од 2дл) овесна каша

– 1 испасирана банана

– 200 мл млеко

– 1 лажица какао

– 1 лажица путер од кикирики

– темно чоколадо, неколку коцки

– јаткасти плодови, по желба

Подготовка:

Варете ја овесната каша, бананата, млекото и какаото околу пет минути.

Кога смесата ќе се свари, префрлете ја во сад и измешајте ја со путерот од кикирики, сечканата чоколада и јаткастите плодови по желба.

Слични содржини