Чоколадна торта

од Stefanija Kuzmanovska
328 прегледи

Рецепт за љубителите на чоколадо.

Состојки:

– 125 гр путер

– 375 гр темно чоколадо

– 1 шолја кафеав шеќер (175 гр.)

– 1/4 шолја брашно (35 гр.)

– 2 лажици млеко

– 1 шолја ситно мелени бадеми (120 гр.)

– 5 јајца

– какао за посипување

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 170 степени.

Обложете со хартија за печење кружен калап со дијаметар од 23 cm. Обложете го дното и страните со хартија за печење. За да ги обложите страниците, трипати превиткајте ја хартијата за да биде поцврста и оставете ја малку да се исплакне над калапот.

Чоколадото и путерот растопете ги во микробранова печка или на пареа. Изладете ги малку.

Кога смесата малку ќе се олади додадете кафеав шеќер, брашно, мелени бадеми и 2 лажици млеко. Сè измешајте да се соедини.

Додадете ги јајцата и повторно измешајте додека не добиете фина чоколадна смеса.

Префрлете се во подготвениот калап. Ставете алуминиумска фолија на хартијата што штрчи над страниците. Како да сте направиле поклопец.

Печете 40 минути. Колачот останува мек во средината, а рабовите се малку запечени.

Кога тортата ќе се испече, извадете ја алуминиумската фолија, изладете ја на собна температура и ставете ја во фрижидер неколку часа или преку ноќ.

Отстранете ја хартијата за печење и префрлете ја тортата во чинија.

Посипете со какао.

Слични содржини