284
Десерт кој се подготвува за дваесет минути.
Состојки:
– 2 јајца
– 50 гр какао
– 150 гр брашно
– малку сол
– 1 лажичка прашок за пециво
– 70 гр шеќер
– 6 лажички масло
– 50 мл млеко
– екстракт од ванила
Подготовка:
Измешајте ги сите суви состојки. Потоа додадете ги течните состојки и сè убаво измешајте.
Смесата се става во помал калап за торта и се пече 20 минути на 180 степени.
Доколку сакате да ја декорирате, брзо и ефикасно решение ќе биде растопената чоколада или шеќерот во прав, како и ореви или сечканите лешници.