Чоколадна торта со јагоди (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
392 прегледи

Ако сакате чоколадо во комбинација со јагоди, тогаш ова е идеално време да направите десерт со ова овошје.

Состојки:
300 гр бисквити
200 мл млеко
1 лажичка екстракт од рум

За фил:
4 јајца
200 гр шеќер
100 гр брашно
1 литар млеко
50 гр путер
200 гр чоколадо
300 гр јагоди

За декорација:
50 гр чоколадо
4 јагоди

Подготовка:
Потребен ви е калап во кој можете да ги наредите бисквитите, па додадете млеко измешано со рум.

Јајцата се матат со брашно, шеќер и млеко. Останатите 800 мл млеко се ставаат да се варат, па се додава смесата со јајцата.

Варете додека не се згусне со постојано мешање. Додадете путер и мешајте додека не се стопи, а потоа додадето го и чоколадото.

Мешајте додека не се растопи, па филот поделете го на четири дела. Прелијте го филот, еден дел, па бисквитот, па премачкајте со млеко.

Направете го истото со вториот и третиот фил, а потоа додадете цели јагоди пред последниот. Прелијте го последниот дел од филот и ставете го во фрижидер да се излади околу 2 часа.

Сето тоа украсете го со рендано чоколадо и дополнителни јагоди.

Слични содржини