Чоколадна торта со костен

од Vladimir Zorba
219 прегледи

Десерт за кој не ви треба брашно.

Состојки:

– 230 гр темно чоколадо

– 6 јајца

– малку сол

– 125 гр путер

– 400 гр пире од костен

– 2 лажици рум

Прелив:

– 100 гр темно чоколадо

– 250 мл слатка павлака

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени.

Одделете ги белките од жолчките и во посебен сад посолете малку и изматете ги белките.

Во друг сад изматете го пирето од костен и путерот.

Во смесата полека додајте половина од снегот од белката, румот и растопената чоколада. Измешајте сè и во смесата додајте го остатокот од снегот од белката.

Калапот за печење обложете го со хартија за печење, па истурете ја смесата.

Печете го колачот околу 45 минути.

По печењето оставете го да се излади. Имајте на ум дека ако ја ставите чепкалката во средината на колачот, не треба да биде целосно чиста кога ќе ја извадите, бидејќи колачот треба да остане мек.

Подготовка на преливот:

Чоколадото издробете го и стопете го на пареа. Покријте го со слатка павлака, додадете неколку капки екстракт од ванила и мешајте додека не добиете еднолична смеса.

Додека смесата е уште топла, прелијте ја врз колачот.

На здравје!

Слични содржини