Чоколадна торта со портокал, без брашно (РЕЦЕПТ)

од Elena Daskalova
1,2K прегледи

Ова е можеби најлесниот рецепт за вкусен десерт кој се подготвува набрзина, само во еден сад, а сепак има неповторлив вкус.

Состојки:

2 портокала
6 јајца
Една лажичка прашок за пециво
Пола лажичка сода бикарбона
Една и уште 1/4 шолја шеќер
2 шолји мелени лешници
1/2 шолја какао
Малку цимет
Прстофат сол
Шеќер во прав

(користете шолја од 200 мл за мерка)

Подготовка:

Портокалите ставете ги во тенџере и прелијте ги со вода. Варете додека да проврие водата и намалете ја температурата. На тивко варете ги два часа. Оставете ги да се изладат. Пресечете ги на парчиња, за да ги отстраните семките.

Загрејте ја рерната на 180 степени. Потоа, изблендирајте ги портокалите, додека да добиете пире од нив. Измешајте ги сите други состојки, освен шеќерот во прав, додека да добиете компактна смеса.

Излејте го тестото во калап за печење и печете 45 минути до 1 час. Кога ќе се излади тортата можете да ја премачкате со џем или да посипете шеќер во прав.

Слични содржини