Чоколадни бомбици со јагоди

од Stefanija Kuzmanovska
308 прегледи

Состојки:

– 300 гр јагоди

– чаша густ јогурт

– 100 гр темно чоколадо

– морска сол, по желба

Подготовка:

Јагодите треба да се исчистат и исечат на коцки. Во сад додајте го густиот јогурт, па сечканите јагоди и сè соединете.

Од смесата направете посебни топчиња и оставете ги на плех покриен со хартија за печење. Формираните топчиња чувајте ги во замрзнувач додека не се стврднат.

Чоколадото растопете го на пареа, па потопете ги цврстите бомбици и оставете да се стегнат. По желба посипете со морска сол и послужете како десерт.

Слични содржини