329
Состојки:
– 75 гр мед
– 300 гр несолени кикирики
– 50 гр кокос
– 30 гр какао
– малку арома на ванила
– темно чоколадо и путер за глазура
Подготовка:
Изблендирајте ги кикириките во блендер додека не добиете смеса како путер од кикирики.
Додадете ги сите други состојки освен чоколадото и путерот. Продолжете да блендате.
Направете топчиња со влажни раце и ставете ги во фрижидер.
Растопете го чоколадото на пареа и додадете малку путер.
Со чепкалка потопете ги бомбиците во стопената чоколадна глазура и оставете ги да се стегнат.