Чоколадни коцки со ореви: Се прават само со три состојки

од Stefanija Kuzmanovska
217 прегледи

Одличен избор за љубителите на чоколадо.

Не секогаш ви се потребни многу состојки за вкусен десерт.

Овој колач е направен од само три состојки, што ветува брза и лесна подготовка.

Состојки:

400 гр чоколадо

350 мл кондензирано млеко

130 гр сечкани ореви

Подготовка:

Чоколадото искршете го на коцки, па заедно со кондензираното млеко ставете го во тенџере. Загрејте на умерен оган со постојано мешање додека чоколадото целосно да се растопи и да добиете изедначена смеса. Додадете ги сечканите ореви и сè убаво измешајте. Обложете четвртаста тава со хартија за печење и истурете ја добиената смеса во неа. Добро израмнете го, па ставете го во замрзнувач околу два часа. После тоа се сече на коцки и се сервира.

Слични содржини