Колачите без шеќер се многу подобар избор во однос на оние кои се полни со засладувачи.
Овие чоколадни кугли ќе ве заситат и така ќе го намалите дневниот внес на калории, што влијае врз намалувањето на телесната тежина.
Состојки:
150 гр лешници
150 гр бадеми
100 гр ореви
10 суви кајсии
10 урми
50 гр брусница
50 гр темно чоколадо
сок од еден портокал
150 гр темно чоколадо за прелив
Подготовка:
Ситно исечкајте ги кајсиите, урмите, брусниците и 50 гр чоколадо. Лешниците и оревите ставете ги во сад, па во рерна на 10 минути на 180 степени. Кога ќе започнат да пукаат тргнете ги од рерна и изладете ги. Потоа малку истријте ги за да се тргне надворешниот слој. Заедно со бадемите ставете ги во блендер и сомелете ги.
Во блендерот додадете предходно исечканите кајсии, урми, брусница и чоколадо. Сипете го сокот од портокал. Кратко сомелете ги состојките додека не се измешаат и соединат. Од смесата формирајте топчиња и ставете ги во корпички. По желба прелијте ги во чоколадо.
Оставете ги да се изладат, па сервирајте.