306
Мафини со два вида чоколадo.
Состојки:
– 210 гр брашно
– 90 гр шеќер
– 1 кесичка прашок за пециво
– 300 гр какао
– 1 кесичка ванилин шеќер
– 25 гр гриз
– 180 мл млеко
– 1 јајце
– 35 мл масло
– 1 шака чоколадни трошки
– 2 реда чоколадо за готвење
– 2 реда бело чоколадо
– 1 кисела павлака
Подготовка:
Измешајте ги сите суви состојки заедно.
Во тенџере сипете ги млекото и гризот, па постојано мешајте за да се згусне смесата. Се трга од шпорет и веднаш се додава павлаката, јајцето и маслото.
Измешајте ги двете смеси, па додајте поголем дел од чоколадото.
Се става во калапи за мафини, се посипува со преостанатото чоколадо и се пече 20 минути на 175 степени.