1,4K
Состојки:
– 300 гр брашно
– 250 мл млеко
– 200 гр темно чоколадо
– 130 мл масло
– 40 гр кокосово брашно
– 30 гр какао
– 2 лажички прашок за пециво
– 2 јајца
– 120 гр шеќер
– 1 ванилин шеќер
Подготовка:
Подгответе ги сите состојки. Измешајте го брашното со какао во прав, кокосово брашно и ванилин шеќер.
Шеќерот и јајцата се мешаат да станат кремасти, па се додаваат млекото, маслото и измешаните суви состојки.
Сега исклучете го миксерот и додадете ги чоколадните парчиња, па измешајте со лажица.
Калапот за 12 мафини обложете го со хартиени корпи и распоредете го тестото.
Печете ги мафините во загреана рерна на 180 степени 20 до 25 минути.