195
Мафини со лешници и два вида чоколада.
Состојки:
– 150 гр кафеав шеќер
– 80 мл масло
– 2 јајца
– 1 ванилин шеќер
– 180 гр брашно
– 30 гр какао
– 100 мл млеко
– 80 гр сечкани лешници
– 80 гр чоколадни парчиња
– 40 гр парчиња бело чоколадо
Подготовка:
Подгответе калап за 12 мафини. Изматете ги шеќерот и јајцата додека не се растопи целиот шеќер.
Потоа додадете едно по едно јајце, па маслото, млекото и брашното измешано со сите суви состојки.
Исклучете го миксерот, па додајте сечкани лешници и чоколадни парчиња, па измешајте со лажица.
Наполнете ги калапите со тесто и печете на 190 степени 25 минути.