Чоколадни мафини со вишни

од Stefanija Kuzmanovska
224 прегледи

Состојки:

– 250 гр брашно

– 130 гр шеќер

– 30 гр какао

– 2 лажички прашок за пециво

– 1/2 лажичка сода бикарбона

– 200 гр кисела павлака

– 2 јајца

– 60 мл масло

– 50 мл млеко

– 250 гр вишни

– 1 ванилин шеќер

Подготовка:

Подгответе 12 калапи за мафини обложени со хартиени корпи.

Вклучете ја рерната да се загрее на 180 степени.

Во сад ставете ги сите суви состојки и измешајте. Додадете ги сите течни состојки освен вишните и мешајте додека сè убаво не се соедини.

Потоа додадете ги вишните и полека измешајте со лажица. Наполнете ги калапите со смесата и печете ги мафините околу 25 минути.

Кога ќе се изладат, посипете со шеќер во прав или покријте ги со чоколадна глазура.

Слични содржини