222
Состојки:
(за 2 лица)
– 1 зрела банана (замрзната)
– 5 јагоди (замрзнати)
– 2 дл млеко или бадемово млеко
– 1 лажичка ванилин шеќер
– 2 лажици какао
– мраз по потреба
– мед
Подготовка:
Исечете ја бананата на прстени и замрзнете ја.
Јагодите и какаото измешајте ги, па додајте ја бананата, ванилиниот шеќер, оставете малку да отстои.
Додадете млеко и сè измешајте во блендер, а потоа додадете какао.
Истурете во чаши и послужете го напитокот.