Чолиќ се прости од Балашевиќ: Ова е болен удар, замина еден од најдобрите

од Stefanija Kuzmanovska
418 прегледи

Познатиот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ почина вчера на 67-годишна возраст, по три дена поминати во болница. Легендарниот музичар Здравко Чолиќ преку Твитер се прости од својот колега, пишувајќи дека ова е болна и непоправлива загуба за културата во Србија и регионот.

„Ова е болен удар. Непоправлива загуба за културниот и јавниот живот на целиот регион, како и на сите обожаватели на неговата музика во светот. Замина еден од најдобрите. Ти благодарам Ѓоле за сè “, напиша Чолиќ на Твитер.

Да потсетиме, Балашевиќ беше примен на Инфективната клиника пред четири дена, каде се лекуваше од пневмонија.

Слични содржини