Чоло бил исплашен поради Рома и Јуве

од Vladimir Zorba

Тренерот на Атлетико Мадрид – Диего Симеон, откри дека реалната цел пред тимот е освојувањето на Лига Европа.

Атлетико се пласираше во полуфиналето на турнирот, откако го отстрани Спортинг Лисабон со вкупен резултат 2:1.

Синоќа на реваншот Атлетико загуби со 0:1, но по победата со 2:0 во првиот натпревар шпанскиот тим продолжува напред.

„Видовме што се случи во натпреварите во Лигата на Шампионите оваа недела и како Рома и Јувентус израмнија три гола негатива. Затоа требаше да бидеме внимателни на реваншот со Спортинг. Одигравме многу слабо прво полувреме, но ми се допадна како екипата реагира по паузата. Гризман имаше две шанси да израмниме. Нашата реална цел оваа сезона е да ја освоиме Лигата на Европа“, рече Симеоне.

Атлетико Мадрид ќе игра со Арсенал во полуфиналето, реши денешната ждрепка.

Слични содржини