Чопра проговори за злоставувањето: Беше толку агресивно што морав да побегнам во Индија

од Берта Китинска
372 прегледи

Индиската актерка и Мис на светот 2000, Пријанка Чопра, постигна завидна слава во САД, за што е многу благодарна, но Америка не била секогаш толку гостопримлива кон неа.

Во своите нови искрени мемоари „Недовршени“, кои ќе ја видат светлината на денот на 9 февруари, оваа актерка детално го опишува расизмот што го доживуваше секојдневно додека одеше во средно училиште во Америка кога имаше 15 години.

Чопра, родена во Индија, пишува дека злоставувањето било толку често и агресивно што морала да се врати во Индија за да го заврши своето образование.

– Јас го сфатив тоа многу лично. Длабоко во тебе, почнува да те јаде – им рече актерката на американските медиуми и продолжи: – Се затворив како школка. Не сакав никој да ме гледа, само сакав да бидам невидлива. Мојата самодоверба скоро исчезната. Иако отсекогаш се сметав себеси за сигурна личност, во тоа време не бев сигурна каде припаѓам, ниту на која сум – рече таа.

Боливудската sвезда во Холивуд се здоби со признание откако ја доби главната улога во драмската серија „Квантико“ во 2015 година. Чопра се преселила во Соединетите Држави со своето семејство кога имала 12 години.

Остана кај роднините три години, се пресели во Њујорк, потоа во Индијанаполис, каде работите тргнаа нагорно. Во своите мемоари, таа признава дека други тинејџерки во ходникот ја навредувале, како на пример: „Црно, врати се во твојата земја!“ и „Врати се кај слонот со кој си дошол.“ Актерката пишува дека се обидела да ги игнорира насилниците и побарала засолниште со блиска група пријатели. Таа дури се обиде да побара помош од советник, но без резултат.

Слични содржини